Англија
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени

Ерлинг Халанд веќе освои важни трофеи со Манчестер Сити, а очигледно планира да остане долг период во редовите на англискиот шампион.
Актуелната резултатска криза не го променила ставот за својата иднина на Норвежанецот, а доказ за тоа е невообичаениот нов договор кој го потпишал со Сити.
Халанд ставил потпис на договор кој го обврзува кон клубот до 2034 година, односно продолжување за девет и пол години, што секако не се случува често и веднаш го привлече вниманието на фудбалските фанови.
– Навистина сум среќен што го потпишав новиот договор и што ќе останам уште долг период во овој голем клуб, – вели Халанд во својата прва изјава.
Напаѓачот дојде во Сити од Борусија во 2022 година и веќе постигна 111 голови на 126 натпревари, а досегашниот договор му истекуваше во 2027 година.
Со овој потег, Халанд има најдолг договор во Премиер лигата, надминувајќи го 9-годишниот договор на Кол Палмер со Челси.
Англиските медиуми тврдат дека првата откупна клаузула во новиот договор може да биде активирана во 2029 година, а Халанд веројатно потпишал и еден од највредните договори во однос на финансиските услови кои му се понудени.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот