Поврзете се со нас

Германија

Халанд спискал половина милион евра на заминување од Борусија

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Ерлинг Халанд беше испратен од „Сигнал Идуна парк“ со сите почести од страна на раководните структури и навивачите на Борусија Дортмунд, но покрај класата на клубот, џентлменски постапил и младиот норвешки напаѓач.

Угледниот германски магазин „Билд“ открива дека Халанд спискал половина милиони евра на заминување од Борусија Дортмунд, односно издвоил толку пари за сите свои соиграчи и вработени во клубот како знак на благодарност.

Ерлинг се погрижил да остане во добро сеќавање и сите да имаат спомен од него, бидејќи времето кое го мина во Дортмунд беше навистина одлично и како член на „милионерите“ продолжи фудбалски да се надоградува.

Како што пренесува „Билд“, Халанд купи 33 часовници „Ролекс“ во вредност од 14 илјади евра (секој посебно) за сите свои 33 соиграчи, како и 20 „Омега“ часовници за сите останати вработени во клубот.

Халанд поединечно ги поделил подароците на прошталната средба, па сега се очекува само комплетно да го официјализира трансферот во Манчестер Сити кој веќе го најавија двата клуба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни