Поврзете се со нас

Свет

Халанд состави свој подиум и ги избра трите најдобри светски фудбалери

Објавено

на

Ерлинг Халанд ќе мора да направи нова пауза од фудбалските терени поради мускулна повреда, што всушност ќе претставува трето отсуство од стартот на актуелната натпреварувачка сезона во која Борусија Дортмунд се обидува да изврши притисок врз Баерн Минхен.

Борусија Дортмунд не излезе со точна проценка за тоа колку Норвежанецот ќе треба да паузира и се верува дека ќе го нема неколку седмици, па тоа го натера младиот напаѓач да си посака само една желба до крајот на 2022-ра година, а тоа е да не се повредува.

– Се надевам дека ќе се вратам брзо, верувам дека ќе биде побрзо од претходниот пат. Имам добар прогрес и ќе почнам со тренинзи. Најлошо ми е кога не стојам на располагање за соиграчите.

– Напреднав во доста работи во последни време, но ако треба да се подобрам во нешто, тоа е избегнувањето повреди. Кога нема да се повредувам, ќе играм повеќе и ќе имам уште подобар прогрес. Имам само една желба до крајот на 2022-ра година, а тоа е да не се повредам. Ако може, така нека биде до крајот на кариерата, – вели Халанд во интервјуто за „Виаплеј“ кое му го направи неговиот сонародник Јан Оге Фјортофт, а во кое состави и свој подиум од тројца најдобри светски играчи.

– Добро прашање, ако можев да дадам три гласа како што се дава во изборот на ФИФА, ќе кажам дека Левандовски е на првото место. После него, ќе кажам Бензема кој според мене е фантастичен. Но, исто така ќе го кажам и Меси кој беше извонреден. Бензема и Меси ќе го делат второто и третото место, – завршува Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни