Поврзете се со нас

Англија

Халанд со први голови по повредата, Сити ја презема лидерската позиција во Премиер лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Фудбалерите на Манчестер Сити издвојуваа победа над Евертон од 2-0 во премиерниот натпревар од 24. коло во Премиер лигата.

„Граѓаните“ не беа опасни, конкретни како што знаат да бидат, но пронајдоа начин да дојдат до трите бода и со тоа дојдат до лидерската позиција во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Долго време домашните играчи бараа решение за да го скршат гостинот, а човек на одлука беше Халанд за кого ова беа први голови откако ја надмина повредата. Резултатот беше отворен во 71 минута кога по корнерот на Сити топката стигна до Норвежанецот кој со силен удар го матираше Пикфорд.

Од тука беше се полесно за фаворитот кој во 85 минута ја запечати победата откако Халанд ја искористи топката од Де Брујне и ја заврши акцијата.

Клубот од Манчестер има 52 бода, еден повеќе од Ливерпул и три од Арсенал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни