Поврзете се со нас

Англија

Халанд: Со него Сити ќе биде подобар

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Ерлинг Халанд е еден од најважните играчи на Манчестер Сити, тим со кој минатата година испиша историја, а желбата е тој успех да се повтори и во оваа сезона што се уште е возможно затоа што „граѓаните“ напредуваат и се уште се активни во сите најважни натпреварувања.

Меѓутоа секогаш тимот може да биде подобар, па така според Халанд неговиот Сити би бил поквалитетен ако во своите редови го има капитенот на Арсенал, Мартин Одегард.

-Да, верувам дека со него би биле подобри. Добар играч и играч кој игра за нашите ривали. Тој штотуку потпиша нов договор, така што тоа не е тема, но во Сити имаме многу најдобри играчи во светот, -рече Халанд кој заедно со Мартин настапуваат за Норвешка, но по паузата ќе бидат жестоки противници затоа што на 31 март следи пресметката меѓу Сити и Арсенал во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни