Поврзете се со нас

Германија

Халанд со лукава тактика задржуваше време по сензационалниот пресврт на Борусија (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд не постигна гол на вчерашниот драматичен меч против Ајнтрахт Франкфурт, но затоа на големо го прославуваше фантастичното враќње и триумфот на неговиот тим.

Борусија Дортмунд одигра катастрофално прво полувреме и имаше негатива од 2:0 до 70-та минута, а потоа следеше експлозивна завршница од гостите и Азар, Белингем и Дауд се погрижија за комплетен пресврт.

Головите во 71-та, 87-та и 89-та минута ги шокираа домашните фудбалери, кои на крајот мораа да гледаат како „милионерите“ го задржуваат времето во судиското продолжение.

Од последните секунди, за издвојување е реакцијата на Ерлинг Халанд, кој успешното задржување на времето го прослави како да постигна гол.

Со ова, Халанд покажа дека е исклучително приврзан за Борусија и кога не постигнува голови, па радоста не ја криеше ниту на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни