Поврзете се со нас

Англија

Халанд со два гола ја отвори новата година, Челси остана без победа во уште една градска пресметка (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Манчестер Сити почна да победува и со тоа да се враќа во посакуваниот ритам, односно успеа да врзе два триумфи во низа во Премиер лигата.

„Граѓаните“ ја завршија 2024 година со славје над Лестер, а пак ја отворија со убедлив триумф над Вест Хем од 4-1. Халанд беше двоен стрелец за домаќините, погоди и Фоден, додека Цуфал си постигна автогол во 10 минута. Стрелец пак за „чеканите“ беше германскиот интернационалец Филкруг во 71 минута.

Сити сега има само два бода помалку од четвртопласираниот Челси кој и денеска не успеа да оствари триумф. Ова за избраниците на Мареска беше четврта средба во низа без триумф, односно овојпат освоија само бод против Кристал Палас.

„Сините“ водеа со погодокот на Палмер од 14 до 82 минута кога Матета ги постави конечните 1-1 (ТУКА можете да ги погледнете головите)

Останати резултати:

Астон Вила-Лестер 2-1

Борнмут-Евертон 1-0

Саутемтпон-Брентфорд 0-5

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни