Поврзете се со нас

Германија

Халанд се врати со два гола, Дортмунд го презема врвот во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Борусија Дортмунд го оправда статусот на фаворит и славеше над Мајнц со 3-1 во дуелот од осмата рунда кој попладнево се одигра во Бундеслигата.

„Милионерите“ конечно го имаа на располагање најдобриот напаѓач Ерлинг Халанд кој закрепна од повредата, па токму Норвежанецот со два гола беше клучен за освојување на трите бода.  Халанд беше автор на вториот и третиот гол за Дортмунд во 54 и 94 минута од натпреварот, а во листата на стрелци се запиша и Ројс.

Кога се во прашање гостите Буркардт се најде на вистинското место во 87 минута.


Со овој триумф четата на Розе дојде до 18 бод и најмалку до утре и дуелот Леверкузен-Баерн Минхен ќе биде на првата позиција на табелата.

Останати резултати:

Фрајбург-РБ Лајпциг 1-1

Гројтер Фирт-Бохум 0-1

Франкфурт-Херта 1-2

Унион Берлин-Волфзбург 2-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни