Англија
Халанд се врати и донесе победа за Сити, Јунајтед со црвен картон до прва радост по еден месец во ПЛ (ВИДЕО)

Манчестер Сити дојде до значајна победа над Тотенхем во трката за топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите во наредната година.
Во таборот на „граѓаните“ се врати Халанд по повредата, а токму Норвежанецот беше клучен за освојување на трите бода. Ерлинг погоди во 12 минута на асистенција на Доку, а во 94 му беше поништен уште еден гол поради игра со рака.
Арсенал одново остана „без муниција“ и ремизираше (о-о) на „Сити Граунд“ со Нотингем Форест со што остави простор Ливерпул дополнително да ја зголеми предноста во борбата за титулата.
Манчестер Јунајтед пак по пауза од еден месец се израдува на триумф во Премиер лигата и тоа против Ипсвич. Домаќините од 42 минута играа со играч помалку по исклучувањето на Доргу, ама тоа не им беше проблем за дојдат до славје од 3-2.
Првото полувреме заврши 2-2, а на стартот на второто полувреме Мегваер уште еднаш ја затресе мрежата на гостите што се покажа како доволно за освојување на трите бода.
Без победник 1-1 пак одиграа Брентфорд и Евертон.
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)
-
Македонија8 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации12 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)