Поврзете се со нас

Германија

Халанд се посрамоти, Гереиро го претвори во гол неговиот кикс (Видео)

Објавено

на

Ерлинх Халанд немаше попладне на какви што не навикна од стартот на неговата кариера во Бундеслигата, но и покрај тоа, Борусија Дортмунд оствари победа на гостувањето кај Волфзбург.

„Милионерите“ си ја завршија задачата пред големото дерби со Баерн Минхен и славеа со 0:2 на гостувањето на „Фолксваген арена“, средба на која ниту еден од погодоците не беа дело на Халанд.

Норвежанецот дефинитивно не се прослави на оваа средба, а добар доказ за тоа е и првиот гол кој го постигнаа гостите, а кој беше многу важен во конечниот исход.

Всушност, Халанд се посрамоти по додавањето од Торган Азар и буквално ја утна цела топка што е крајно несвојствено за него, но затоа немаше проблеми експресно да го прослави погодокот на Гереиро кој го претвори во гол неговиот кикс.

Ова се случи во 32-та минута, а во вториот дел конечните 0:2 ги постави разиграниот Ашраф Хакими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни