Поврзете се со нас

Англија

Халанд се огласи со порака по ремито на „Итихад“ (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити не успеа да дојде до посакуваниот резултат во соочувањето со Арсенал и со тоа направи чекор назад во одбрана на титулата во Англија.

„Граѓаните“ не беа доволно конкретни во завршницата на акциите, немаа решение за одбраната на гостите, а меѓу оние играчи кои беа најкритикувани беше Ерлинг Халанд.

Рој Кин беше најбрутален и порача дека Норвежанецот изгледа како играч од Лига 2 што секако е преостро за играч кој лани се истури од головии беше меѓу најзаслужните за тројната круна на екипата.

Кин за најлошата страна на Халанд: Игра како четвртолигашки фудбалер

Халанд се огласи на социјалните мрежи со една кратка, ама јасна порака.

-Еднаш веќе тоа го направиме, можеме повторно да го направиме, -напиша Ерлинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни