Англија
Халанд промаши пенал, Сити не го победи ниту Евертон (ВИДЕО)
Манчестер Сити остана без победа во уште еден натпревар во Премиер лигата, овојпат против Евертон во мечот со кој беше отворена „боксинг деј“ програмата во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
И покрај кризата, „граѓаните“ важеа за огромни фаворити на хартија на ова соочување, но тоа не го потврдија на теренот и на крајот мораа да се задоволат само со бод (1-1).
Избраниците на Пеп Гвардиола ја крунисаа иницијативата и во 14 минута го отворија резултатот со погодокот на искусниот Бернардо Силва. Меѓутоа Сити како по обичај во овој период потклекна при првата поголема шанса на противникот кој дојде до изедначување преку Ндиаје во 36 минута.
Со овие 1-1 се замина на пауза по која фаворитот одново се впушти во акција и во 53 минута доби удар од 11 метри по прекршкот над Савињо. Одговорноста ја презема Халанд, но неговата намера беше прочитана од голманот Пикфорд.
Потоа немаше поголеми возбудувањата, актуелниот првак немаше соодветни решенија, „карамелите“ лесно се бранеа и двете страни добија по еден бод од овој меч.
ОВДЕ можете да ги погледнете головите.
-
АТП15 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Италија22 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
АТП24 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
АТП20 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Шпанија14 часа
Анчелоти пронајде само една светла точка во болниот пораз од Барса
-
Шпанија21 час
Победата над Реал донесе и лоши вести: Каталонците останаа без стартер за наредните пет седмици