Поврзете се со нас

Шпанија

Халанд преку Раиола притискал за трансфер во Ла Лига

Објавено

на

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд речиси сигурно ќе реализира одличен трансфер по крајот на оваа сезона.

За норвешкиот репрезентативец има интерес од речиси сите големи екипи ширум Европа, а последните информации говорат дека тој ќе инсистира на негов трансфер во Шпанија.

Неодамна и неговиот агент, Мино Раиола истакна дека Халанд ја обожава Шпанија, па според тоа може да се каже дека голема е шансата тој да заигра во Ла  Лига.

Според  угледниот медиум „Goal“, Халанд преферирал да направи трансфер во редовите на Реал Мадрид, клуб на кого ќе му треба напаѓач со оглед на фактот што Карим Бензема веќе е во зрели фудбалски години.

Халанд ќе биде слободен на трансфер пазарот за сума од 75 милиони евра, сума која и тоа како е прифатлива за сите клубови кои се заинтересирани за неговиот потпис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни