Поврзете се со нас

Германија

Халанд повторно се повреди, па порача: Ќе се вратам уште посилен (ФОТО)

Објавено

на

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд одново нема да може да смета на својот најопасен играч, стрелец Ерлинг Халанд.

Халанд во изминатиов период поради повреда мораше да ги скокне пресметките со Борусија Менхенгладбах, Спортинг Лисабон и Аузгбург за да се врати на терените против Мајнц минатиот викенд и тоа со два гола во триумфот над 3-1.

Тој потоа играше 90 минути против Ајакс во Лигата на шампионите, меѓутоа се здобил со повреда на колкот поради која ќе мора да отсуствува недели. Оваа информација ја обелодени тренерот Марко Розе кој воедно истакна дека за дуелот против Арминија Билефилд кој се игра утре недостапни ќе биде бековите Мение и Шулц.

Колку точно Халанд ќе биде во „аут“ не е познато, ама повеќе од јасно дека ќе им фали на „милионерите“ пред кого следуваат мечиви против Арминија, Инголштад, Келн, Ајакс и Лајпциг пред ноемвриската репрезентативна пауза.

Ерлинг ги искористи социјалните мрежи и испрати порака во која порача дека ќе се врати уште посилен на терените.

-Време е да се фокусирам на моето закрепнување. Ќе се вратам уште посилен, -напиша Норвежанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни