Поврзете се со нас

Англија

Халанд постигна уникатен рекорд за еден премиерлигашки фудбалер

Објавено

на

Фото: twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд постигна еден од трите гола на Манчестер Сити во победата над Баерн Минхен, но и со него стигна до еден уникатен голгетерски рекорд.

Норвешкиот напаѓач веќе стигна до 45 голови сезонава во сите натпреварувања, со што стана најефикасен фудбалер на англиски клуб во историјата во текот на една сезона.

Халанд зад себе ги остави Мо Салах и Руд ван Нистелрој кои постигнаа по 44 погодоци во текот на една сезона, а на списокот најефикасни фудбалери се и Кристијано Роналдо со 42, како и Хари Кејн и Енди Кол со 41 гол.

Прв кој ја проби бариерата од најмалку 40 погодоци беше Кол во сезоната 1993/94 како играч на Њукасл Јунајтед, постигнувајќи 41 гол на 45 настапи таа сезона.

Халанд досега постигна 30 голови во Премиер лигата, 4 во ФА и Лига купот и 11 во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни