Поврзете се со нас

Германија

Халанд постигна гол додека противнички играч лежеше на земја, стоперот на Хофенхајм бурно го нападна (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд е далеку од тим кој може да се бори за титулата во Бундеслигата, а денеска имаше среќа што се избори за бод и спречи нов пораз во домашното првенство во кое падна дури на шестото место.

„Милионерите“ се во лоша форма и ова попладне одиграа 2:2 против Хофенхајм, средба која ќе остане запаметена по израмнувачкиот гол кој го постигна Ерлинг Халанд, а со кој беа поставени конечните 2:2.

Џејдон Санчо рано ја донесе Борусија во водство и се чинеше дека ќе следи поволен резултат, но Дабур и Бебу се погрижија за целосен пресврт со своите погодоци во 31-та и 51-та минута.

Халанд најпрво постигна гол за 2:2, но истиот беше поништен поради офсајд во 57-та минута, но во 81-та минута повторно погоди и донесе израмнување кое сепак налути дел од играчите на гостинскиот тим.

Противникот Дабур лежеше на земја во моментите кога Халанд ја прими топката, а стоперот Пош сметаше дека младиот Норвежанец требал да застане и да ја прекине играта. Дефанзивецот на Хохенхајм го турна Ерлинг, но реално, вината треба да ја бара кај своите соиграчи кои имаа посед и можеа да ја прекинат играта пред да му ја подарат топката на противникот.

Секако, голот на Халанд важеше, а со тоа Борусија стигна барем до бод со кој останува на шестото место, на три бода од Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни