Поврзете се со нас

Англија

Халанд постави уште еден рекорд во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд беше човек во вчерашната победа на Манчестер Сити над Брентфорд во Премиер лигата, победа со која „граѓаните“ се искачија на второто место на табелата со само еден бод помалку од водечкиот Ливерпул.

Клучниот момент на средбата на „Итихад“ се случи во 71 минута кога Норвежанецот излезе очи во очи со Флекен по што следуваше рутинска реализација.

Со ова Халанд постави нов рекорд во ПЛ, стана играч кој успеал да постигне против секој тим со кого се соочил во Премиер лигата. Бретфорд беше на неговиот список, екипа која сега е „чкртната“ за 21 од 21.

Уште еден играч има стрелано против секој тим во шампионатот-тоа е Хари Кејн (32) со тоа што на Англичанецот му беше потребно далеку повеќе време за да биде 100 процентен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни