Поврзете се со нас

Англија

Халанд постави нов рекорд, Гвардиола во негов стил: Повторно морам да ви кажам?

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити излезе како победник во соочувањето со РБ Лајпциг и тоа откако одигра страшно второ полувреме во кое ја „избриша“ негативата од два гола и дојде до триумф од 3-2.

Еден од трите погодоци беше дело на напаѓачот Ерлинг Халанд кој со ова продолжи да ги поместува границите, да испишува историја. Норвежанецот стана играчот кој најбрзо стигнал до 40 гол во елитното натпреварување, плус стана и најмлад фудбалер кој успеал да ја заокружи оваа бројка, поточно го надмина Килијан Мбапе.

Гол машина: Халанд постави два нови рекорди во победата на Сити (ФОТО)

-Повторно? Морам пак да ти кажам? Илјада милиони пати, навистина сум импресиониран. Тие победија денеска. Уште еден рекорд. Секоја чест. Тој е фантастичен играч. Ви кажувам многу пати, навистина сме задоволни. Го сакаме, не само поради головите што ги постигнува, туку и поради многу други работи, -порача менаџерот Пеп Гвардиола кој има навистина високо мислење за некогашниот член на Борусија Дортмунд и РБ Салцбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни