Поврзете се со нас

Англија

Халанд откри кое правило најмногу го нервира во модерниот фудбал

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд се уште ги чувствува последиците од повредата која го оддалечи од терените и се уште не е во најдобра форма, но се надева дека ќе го достигне максимумот во клучниот дел од сезоната, односно во месец април и мај.

Норвешкиот напаѓач ќе биде клучен во обидот да се задоволат шампионските афинитети на Манчестер Сити, па иако прва голема цел му е дербито со Арсенал кое се игра на 31-ви овој месец, Халанд во ексклузивното интервју за подкастот на клубот говорел и за теми кои се доста необични.

Бруно Фернандеш пред извесно време порача дека треба да се промени правилото со кое му се дава жолт картон на фудбалер за прекумерна прослава со соблекување на дрес, додека Халанд откри дека за него најглупаво правило е она за правилно изведен аут.

– Прво и основно, би вовел технологија која ќе прарти по линијата дали топката излегла во аут. Така ќе имаме поголема контрола и ќе се спречат нерегуларни ситуации. Мислам дека тоа ќе се воведе во блиска иднина.

– Мене лично, посебно ме нервира правилото за изведување аут. Јас би го одредил следното: Не е важно каков е залетот и како се фрла топката, најважно е да биде фрлена со две раце. Да бидам искрен, јас не ни знам како се изведува точно аут, најверојатно тоа го правам погрешно. Би вовел правило со кое не би било важно како се изведува аут, сметам дека не треба да се губи посед за лошо изведен аут, – вели Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни