Поврзете се со нас

Англија

Халанд нокаутираше противнички дефанзивец, топката среќно заврши во гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити имаше 18 обиди за гол во првото полувреме против Лутон, но од испатените шест шута во рамките на голот, само еден заврши зад грбот на Камински.

Интересно, стрелец на погодокот не беше играч на домашниот тим, а начинот на кој топката заврши во мрежата беше навистина необичен и несекојдневен.

Ерлинг Халанд се израдува на голот како да го постигнал тој, но всушност неговиот удар беше доста лош и ќе завршеше далеку од голот ако на топката не налеташе Хашиока.

Несреќниот стопер на Лутон се најде на погрешно место во погрешно време и топката од неговата глава се одби во голот, па покрај тоа што доби нокаут, си постигна и автогол.

Ова се случи во 66-та секунда од мечот и Сити имаше уште неколку добри шанси за гол, но на полуврме се замина само со резултат 1:0.

Голот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни