Поврзете се со нас

Свет

Халанд најави промена на прославата откако беше избран за најдобар светски голгетер (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ballondor

Ерлинг Халанд вечерва беше избран за најдобар светски голгетер на свечената церемонија во Париз, нешто што можеше и да се претпостави после сезоната која ја имаше со Манчестер Сити.

Норвешката гол-машина 56 пати ја пронаоѓаше противничката мрежа и вечерва беше дел од гала-вечерта за „Златната топка“, на која на него му беше доделена наградата „Герд Милер“.

Гери Линекер ја имаше честа да му го додели престижното издание на најдобриот светски голгетер, а Халанд беше предизвика од Дидие Дрогба за промена на прославата при постигнување на следниот гол.

Дрогба побара од Халанд да направи избор меѓу неговата и препознатливата прослава која во минатото ја имаше Линекер, па Ерлинг возврати дека ќе донесе конечна одлука во дадениот момент.

– Ќе помислам на вас двајца кога ќе го постигнам следниот гол и тогаш ќе донесам одлука, – изјави Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни