Поврзете се со нас

Англија

Халанд му испорача „отровна стрела“ на Артета при поздравот, Жезус влезе во клинч со Норвежанецот (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд беше еден од оние кои најбурно ги доживеаја случувата на крајот од дербито, па се најде во прв план во самата завршница и кога судијата Оливер за последен пат се огласи на теренот.

Норвежанецот влезе во неколку конфронтации со играчите на Арсенал во регуларниот тек на мечот, но имал што да каже и по последниот судиски свиреж.

Халанд предизвикал една мини мешаница во моментите кога се поздравувал со Микел Артета, бидејќи во свој стил испорачал една „отровна стрела“ до менаџерот на „топчиите“.

– Остани скромен, остани скромен….., – зајадливо му довикнал Халанд на Артета, по што во мешаницата се вклучил Габриел Жезус.

Бразилецот реагирал најбурно и барал објаснување од Халанд за неговото неадекватно однесување, но наместо тоа, за возврат добил „сочни“ зборови од Норвежанецот.

На крајот, целата ситуација ја смирува токму Артета, кој бара од своите играчи да се повлечат и да не одговараат на провокациите.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни