Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Халанд: Му благодарам на Мбапе за тоа што го направи вчера! (Видео)

Објавено

на

blank

Ерлинг Халанд беше креатор на трите гола кои ги постигна Борусија Дортмунд на жешкото гостување на „Рамон Санчес Писхуан“, стадион на кој „милионерите“ вечерва остварија многу важна победа во првата од двете осминафинални пресметки во Лигата на шампионите (2:3).

Домашната Севилја поведе со голот на Сусо уште во 7-та минута, но потоа до крајот на првиот дел следеше фудбалска симултанка од уште еден сензационален млад фудбалер. Ако вчера играч на вечерта беше Килијан Мбапе, вечерва тоа е Ерлинг Халанд, бидејќи Норвежанецот постигна два гола, а имаше и улога на додавач при израмнувачкиот за 1:1.

Страшното издание на Халанд беше добра причина да се најде во прв план, а самиот тој призна дека бил посебно мотивиран за играње после вчерашната партија на Мбапе.

Ерлинг шоу: Халанд ја „тероризираше“ Севилја во првото полувреме (Видео)

– Добро е што постигнав голови, јас ја сакам Лигата на шампионите и кога видов како Мбапе вчера постигнува хет-трик, почувствував голема мотивација. Затоа сум му благодарен за тоа што го направи, ова беше убава вечер. Не го предизвикувам Мбапе, само го гледав вчера и добив бесплатна мотивација од него, – изјави Халанд кој нагласи дека Борусија ќе мора да ја доврши работата на домашен терен, пред да биде запрашан за желбите кои ги имаат фановите на Реал Мадрид, а тоа е да го облече белиот дрес на „кралскиот клуб“.

– Секогаш е убаво кога некој ве сака…., – одговори Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни