Поврзете се со нас

Англија

Халанд ја искористи најдобрата шанса, Сити се проби на второто место на табелата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Манчестер Сити долго се мачеше да постигне гол против Брентфорд, но на крајот не дозволи нов кикс и со минимални 1:0 го доби денешниот натпревар од Премиер лигата.

Ерлинг Халанд го прекина постот и во 71. минута од средбата претвори во гол една контра на Сити, со што домаќините го казнија противникот на начин каков што вообичаено е опасен за актуелниот англиски шампион.

Овојпат Брентфорд направи неколку грешки, Ми се лизна во клучен момент и му дозволи на Халанд да излезе сам пред гостинскиот голман, а Норвежанецот не погреши и ја обезбеди победата за својот тим.

Со денешната победа, Сити се најде пред Арсенал на второто место на табелата и има бод заостанување зад лидерот Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни