Поврзете се со нас

Англија

Халанд избран за играч на сезоната во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Англиската Премиер лига денеска го објави името на играчот на сезоната во ова елитно фудбалско натпреварување, а престижното признание заврши кај Ерлинг Халанд.

Фановите, капитените на екипите и специјално формирана стручна комисија гласаа за најдобриот фудбалер во сезоната која полека финишира, а норвешкиот голгетер веројатно и очекувано го освоил првото место во рангирањето.

Халанд ја добива наградата во својата дебитантска сезона во Премиер лигата, што е само надополнување на фантастичната сезона исполнета со многу голови и соборени рекорди.

Норвежанецот е четврти играч на Сити кој го освоил признанието, нешто што претходно им успеа и на Кевин де Брујне, Рубен Диаш и Венсан Компани.

Покрај Халанд, номинирани за признанието беа и Маркус Рашфорд, Кевин де Брујне, Хари Кејн, Мартин Одегард, Букајо Сака и Киран Трипие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни