Поврзете се со нас

Англија

Халанд избра спортски херој: Тоа што го постигна е неверојатно…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите фудбалери на светот, играч кој е вистинска ѕвезда на Манчестер Сити, тим со кој во минатата година испиша историја со освоената тројна круна, резултат во кој голгетерот имаше огромна улога.

Тој во актуелнава кампања продолжи да дава квалитетни партии, ама мораше и да направи пауза од два месеци поради повреда за да сега полека се враќа во ритам пред месеците во кои ќе се решава натпреварувачкаат 2023/2024.

Норвежанецот важи за играч кој е стабилен и цврсто стои на земја, но и тој си има свој спортски херој.

Имено Халанд доби можност да посочи кој е негов идол надвор од фудбалот и неговиот одговор беше експресен-Новак Ѓоковиќ.

-Го сакам Ѓоковиќ, мислам дека е добар. Тој е свој и она што го постигна е неверојатно. Дојде никаде од својата земја. Јас го бирам Ѓоковиќ, -порача асот на „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни