Поврзете се со нас

Германија

Халанд „испука покер“, но друг играч испиша нова историја во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Борусија Дортмунд ја оправда фаворитската улога и славеше над Херта со 5-2 во последната средба од денешната програма во првата лига на Германија.

Во главна улога беше норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд кој даде дури четири голови во второто полувреме, полувреме во кое „милионерите“ доминираа на теренот во Берлин. Меѓутоа оваа средба освен по „покерот“ на Халанд ќе остане запаметена и по уште една работа-го добивме најмладиот играч во историјата на Бундеслигата.

Имено во самаша завршница гостинскиот тренер Фавр му даде шанса на супер талентирнаиот Јусуфа Мукоко. Тој во петокот наполни 16 години со што го исполни условот за да може да биде во комбинација за меч од елитната конкуренција.

Германците во оваа година го сменија праволото, поточно минимумот за еден играч да заигра во Бундеслигата од 16 ипол на 16 години, па ова го искористија во Дортмунд и веднаш му дадоа шанса на Мукоку, талент за кој веќе долго се зборува и претставува голема надеж на Борусија и германскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни