Англија
Халанд испрати оптимистичка порака откако не одигра ниту една минута против Реал (Фото)

Ерлинг Халанд се повреди во самата завршница од мечот со Њукасл, па иако во прв момент изгледаше дека не станува збор за ништо сериозно, Норвежанецот на крајот не успеа да смогне сили за да излезе на терен на „Сантијаго Бернабеу“.
Манчестер Сити беше значително ослабен на гостувањето во Мадрид и го одигра цел натпревар без својот најдобар голгетер, кој во ситуација кога не можеше да им помогне на соиграчите, реши да испрати охрабрувачка порака до сите нив.
– Остануваме сплотени како еден, понекогаш треба да искусите вакви работи за да научите од нив. Не може секогаш да победувате, повторно ќе се издигнеме заедно, – гласи пораката на Халанд.
Главната битка на Ерлинг во наредните неколку дена ќе биде успее да се опорави за тоа што следи, односно големото дерби против Ливерпул во Премиер лигата.
Натпреварот е закажан за в недела во 17:30 часот, а домаќин ќе биде Манчестер Сити на „Итихад“.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Формула 114 часа
Мекларен издоминира во квалификациите за Ф1 трката во Австралија