Поврзете се со нас

Англија

Халанд испрати директна порака по важната победа над Тотенхем (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Манчестер Сити успеа да го совлада Тотенхем и тоа на теренот на кој немаа победа во Премиер лигата уште од 2018 година.

„Граѓаните“ славеа со 2-0 со погодоците на Ерлинд Халанд во второто полувреме и сега се многу блиску до освојување на уште една титула во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Клубот од Манчестер на едно коло до крајот е лидер на табелата со два бода повеќе од второпласираниот Арсенал што значи дека секој триумф над Вест Хем на „Итихад“ носи гаранците дека титулата ќе остане во нивните витрини.

Меѓутоа ова е спорт, ова е фудбал и мора работата да се заврши до крај, нема никој што да ти подари и тоа добро го знае Халанд кој испрати јасна порака со три збора на социјалните мрежи.

-Работата не е завршена-напиша Норвежанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни