Поврзете се со нас

Англија

Халанд и Де Брујне одморија, Фоден го размонтира тимот на Емери (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити го следи чекорот на Арсенал и победи на својот натпревар кој го играше оваа вечер, и тоа во ситуација кога Пеп Гвардиола реши да одмори две големи ѕвезди.

Ерлинг Халанд и Кевин Де Брујне не се најдоа во стартната постава, па иако се загреваа на стартот на вториот дел, на крајот немаше потреба да се трошат.

Астон Вила се покажа како тврд орев во првиот дел и одлично одговори на водечкиот гол кој го постигна Родри, но погодокот за 1:1 на Дуран не беше доволен за да се дестабилизира шампионот.

Сити тргна со полна пареа во напад и пред крајот на првиот дел постигна втор гол, прв на Фил Фоден на овој натпревар.

Англискиот репрезентативец погоди од слободен удар, а во продолжение постигна уште два гола и само потврди дека игра во страшна форма во последно време.

За Фоден ова е втор хет-трик во последните два месеци, бидејќи три гола постигна и против Брентфорд во месец февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни