Англија
Халанд го прекина молкот по деветтиот пораз на Сити: Никој не се сомнева во Гвардиола
Ерлинг Халанд вешто ги избегнуваше новинарите во периодот во кој Манчестер Сити има историски лоша серија под водство на Пеп Гвардиола, но денеска реши да стави крај на тоа и го прекина молкот по поразот од Астон Вила.
Манчестер Сити е далеку од шампионски ритам и ова попладне го претрпе деветтиот пораз на последните 12 натпревари во сите натпреварувања, серија која направи сериозно да се доведе во прашање актуелната форма кај одредени фудбалери, но и работата на Пеп Гвардиола.
Неполни два месеци по продолжувањето на договорот, Пеп се наоѓа во најлошиот период во својата тренерска кариера, но Халанд денеска јавно му изрази поддршка и по поразот во Бирмингем од 2:1 нагласи дека сите играчи веруваат во својот менаџер.
– Астон Вила е добар тим и има многу добри играчи. Тешко е да играте на овој терен, но ние сме Манчестер Сити и мора да одиме на победа. Мора да продолжиме да работиме и да веруваме во тоа што го правиме. Мора да продожиме напред без оглед на препреките кои ги имаме пред себе.
– Прво и основно, јас ја гледам вината кај себе. Не правам доволно добри работи на теренот, не ги користам своите шанси и не давам голови. Морам да бидам подобар, не сум доволно добар во последно време. Гвардиола? Никој не се сомнева во него, тој ќе пронајде решение за оваа ситуација. Тоа го прави секоја година и ние се уште веруваме во него, – посочи Халанд.
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија19 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација12 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија10 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија13 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)