Поврзете се со нас

Англија

Халанд го истрола „распеаниот“ Кукурелја: Тој е навистина забавен човек

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд вчера постигна многу важен гол за Манчестер Сити, во ситуација кога неговата екипа не блескаше во стартното коло од Премиер лигата, а посакуваше три бода од гостувањето кај Челси.

Норвежанецот ја потврди својата класа и одлично се снајде во дуелот со Марк Кукурелја, што му дава и посебна вредност на погодокот против лондонскиот ривал.

За време на прославата на Шпанците за трофејот освоен на ЕП, Кукурелја испеа песна, а во еден од стиховите го истакна „стравот кој Халанд го има од него“, за сега Норвежанецот да добие шанса да му го докаже спротивното на теренот.

По натпреварот медиумите не пропуштиле шанса да побараат мислење од напаѓачот за провокациите на Кукурелја.

– Минатата сезона ми го бараше дресот, а летово испеа и песна за мене. Тој е навистина забавен човек, во свој стил одговорил Халанд.

Фановите истакнаа и друг интересен момент, а тоа е ситуацијата кога Кукурелја бараше помош наоколу поради грч во мускул, а Халанд помина покрај него ладно игнорирајќи ја неговата болка.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни