Поврзете се со нас

Свет

Халанд доживеал шок на анти-допинг тестирањето: Прашувавме дали се работи за скриена камера

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Тестирањата на светски познатите фудбалери се составен дел од фудбалот и тоа е сосема вообичаена пракса на највисоко ниво, но тоа што се случило во Норвешка пред предизвиците во Лигата на нации е максимално бизарно, но од друга страна и морничаво.

Норвешка е во Лигата Б во Лигата на нации и новата сезона ќе ја стартува со меч против Казахстан, натпревар пред кој норвешките претставници на анти-допинг агенцијата направиле неверојатен гаф.

Во доставената листа за играчи на кои треба да им биде земена урина, напишани биле имињата на Ерлинг Халанд Јорген Ларесен, Антонио Нуса, Оскар Боб, но и на Еинар Гундерсен и Јорген Јуве кои се одамна починати.

Станува збор за две легенди на норвешкиот фудбал и играчи кои се на врвот на листата на најдобри голгетери, па цела оваа бизарна ситуација со која се соочиле Халанд и соиграчите морал да ја коментира и селекторот Стале Солбакен.

– Имавме посета од анти-допинг агенцијата од Норвешка изминатиов вторник. Селектирани за тестирање беа Халанд, Ларесен, Нуса, Боб, Гундерсен и Јуве. Уште кога го прочитав списокот, почнав да се запрашувам што се случува, требаше да прочитам повторно за да видам дека е сериозно. Им се јавивме на луѓето од анти-допинг и ги прашавме дали има „скриена камера“.

– Еинар Гундерен и Јорген Јуве се одамна починати, им порачавме дека нивните тестови се негативни. Најверојатно ја погледале листата на најдобри голгетери во историјата, па затоа ги додале и нив двајца во друштво на Халанд, – изјавил зачудениот Солбакен.

За да биде целата ситуација уште пограгична, селектиран за тестирање бил и Оскар Боб, фудбалер кој заработи тешка повреда и кој е во аут неколку месеци.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни