Поврзете се со нас

Свет

Халанд доби директно прашање за интересот од Реал Мадрид: Во овој момент, едвај чекам едно нешто

Објавено

на

Тешката повреда која ја заработил Лука Јовиќ за време на домашниот карантин го вклучи црвениот аларм на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи одговоните луѓе на клубот почнаа да го гупат трпението со талентираниот Србин кој во изминативе неколку месеци направи повеќе глупости, отколку добри работи на теренот.

Скандалот со прекршувањето на карантинот, ужасната форма и мистериозната повреда на коската при враќањето на тренинзите се нешта кои секако ги загрижуваат одговорните луѓе во Реал, кои од друга страна пак се се поубедени дека ќе мора да купат нов напаѓач во наредниот преоден рок.

Планот е Карим Бензема да добие сериозна конкуренција и Зидан да има опција да игра и со двајца напаѓачи во офанзивата, а едно од имињата кои се поврзуваат со Реал е и Ерлинг Халанд. Во интервјуто кое го направи за германски „Скај“, Халанд доби директно прашање за интересот кој го пројавуваат „кралевите“, на што сензационалниот тинејџер возврати со следниот одговор.

– Јас сум концентриран на мојата работа, не на вниманието кое го покажуваат другите кон мене. Ја правам мојата работа најдобро што можам, тоа најмногу ми се допаѓа. Го правам тоа што најмногу го сакам и нема сомнеж дека започнав фантастично во Дортмунд, – вели Халанд.

– Концентриран сум да работам напорно секој ден, од секој детаљ учам нешто ново. Во овој момент, едвај чекам да го играм рурското дерби против Шалке, – изјави Халанд со оглед на тоа што Бундеслигата се враќа на програмата оваа сабота со големото дерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни