Халанд блескаше и против ПСЖ, Борусија патува со предност на реваншот (Видео)

Haland-Borusija

Борусија Дортмунд ја доби првата битка во осминафиналната „војна“ со ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите, победувајќи пред своите фанови со 2:1.

Германците можеби не беа фаворит во овој двомеч, но со играта на првата средба, па и со резултатот имаат право да се надеваат дека ќе го елиминираат противникот кој има големи амбиции во ова европско натпреварување.

Борусија и ПСЖ не успеаја да направат нешто конкретно во првиот дел, а резултатот го отвори Ерлинг Халанд во 69. минута, предизвикувајќи еуфорија на „Сигнал Идуна Парк“.

Само шест минути подоцна Мбапе убаво ја измами одбраната на Борусија и му асистираше на Нејмар кој погоди лесно за израмнување и го доведе ПСЖ во убава позиција. Но, последниот збор го имаше Халанд, кој во 79. минута постигна атрактивен гол за конечни 2:1, уште еднаш покажувајќи со каков потенцијал располага.

Facebook Коментари