„Хакираната“ Ватсап порака на Бруно која најдобро докажува каков играч купи Јунајтед (Видео)

bruno-stav

Бруно Фернандеш за рекордно брзо време стана омилен играч меѓу фановите на Манчестер Јунајтед и самиот тој призна дека е изненаден од целиот развој на ситуацијата на „Олд Трафорд“, не само поради добрите изданија, туку и поради фактот што веќе навивачите му посветија навивачка песна.

Непосредно откако ја доби наградата за играч на месецот во Премиер лигата, Бруно нагласи дека во иднина ќе биде уште подобар во дресот на „црвените ѓаволи“, но истото го очекува и од своите соиграчи кои дефинитивно играат на далеку повисоко ниво откако тој им се приклучи во јануари.

Кога сме на оваа тема, денеска британските медиуми огромно значење му дадоа на еден приватен Ватсап разговор на Бруно Фернандеш од почетокот на оваа сезона кога беше капитен на Спортинг, а кој најдобро отсликува каков играч купи клубот од театарот на соништата.

– – Навистина сум многу бесен, подобро да не се изјаснувам за ништо. Многу е лош односот на неколку фудбалери. Едноставно не постои однос на теренот од нивна страна. Не сакаат да бидат тука, а сакаат да играат. Потпишуваат тука, седат една година, ги земаат парите и си одат. Е..но лошо, тоа е срамно однесување, – гласи пораката од Бруно која протече на социјалните мрежи, а која докажува дека Бруно сака да биде опкружен само од играчи кои имаат максимална посветеност кон тимот и клубот.

Facebook Коментари