Поврзете се со нас

Франција

Хакими потврди дека одбил еден премиерлигашки клуб пред да потпише со ПСЖ

Објавено

на

Францускиот гигант ПСЖ во овој летен преоден рок донесе многу звучни имиња, а според досега прикажаното најмногу од сите засилувања се прикажа Ашраф Хакими кој пристигна од редовите на Интер за сума од 60 милиони фунти.

Десниот бек игра одлично во дресот на парижаните, а неговото име редовно е во листата на стрелци на погодоци и асистенти, па јасно е дека во моментов тој е меѓу најдобрите играчи на ПСЖ и покрај фактот што во овој тим играат играчи од типот на Меси, Нејмар, Мбапе…

Во интервју за „Л’Екип“ Хакими сега призна дека одбил можност да се пресели во редовите на Челси, клуб кој исто така бил заинтересиран за неговите услуги.

– Имав две понуди, една од Челси и една од ПСЖ, но чувствував дека ќе бидам среќен ако дојдам во Париз.

– ПСЖ е голем клуб, навистина ја ценам поддршката која ми ја даваат навивачите. Бев среќен затоа што уште многу други шампиони се приклучија на ПСЖ заедно со мене. Се чувствувам добро тука, имаме ѕвезден тим и среќен сум што сум дел од него, -изјави Хакими.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни