Хакери пробале да украдат дел од трансфер сумата за Ендомбеле

ndombele

Засега непознати хакери се обиделе да украдат дел од трансфер сумата (65 милиони фунти), која летово Тотенхем му ја плати на Лион за трансферот на Танги Ендомбеле.

Според договорот на Лион и Амиен, претходниот клуб на Ендомбеле, 12 милиони од целосната сума требало да заврши кај второлигашот, а хакерите влегле во финансискиот систем на клубот и се обиделе да пренасочат 1,9 милиони фунти на сметка во Шпанија.

За среќа, одговорните во Амиен навреме сфатиле што се случува и спречиле ваков вид кражба, а биле внимателни затоа што претходно веројатно истата груупа хакери имаа ист обид при трансферот на Ноам Емеран во Манчестер Јунајтед.

Facebook Коментари