Хајнкес згрозен од последните случувања во Борусија: Фудбалерите се привилегирани, не знаат колку е тешко да се заработи месечна плата!

jup-klupa

Јуп Хајнкес пред неколку месеци му се врати на фудбалот со цел да му помогне на својот омилен клуб Баерн Минхен, а наспроти експресното и феноменално влијание кое го имаше врз тимот, сега се обидува да го пронајде разумот во ова денешно време на фудбалот на кое тој дефинитивно не е навикнат со оглед паузата која ја направи.

Искусниот и исклучително ценет германски стручњак е познат по тоа што секогаш го кажува она што искрено го мисли и што му паѓа на памет, па така сега остана згрозен од последните случувања во големиот ривал Борусија Дортмунд, или поточно однесувањето на големата ѕвезда Пјер Емерик Обамејанг.

Фудбалерот од Габон одбива да игра за Борусија и на доста низок начин се обидува да изнуди трансфер од „Сигнал Идуна парк“, однесување кое секако потполно наликува на Осман Дембеле кој изминатово лето исто така на доста подмолен начин ги напушти „милионерите“.

Овие два случаи го натераа Јуп да „удри“ во свој стил по модерните фудбалери, јасно потенцирајќи дека тие воопшто не се свесни колку е тешко да се заработи една месечна плата надвор од фудбалот.

– За сето ова што го гледам сум крајно критички настроен. Играчите се привилигирани што се дел од овој спорт, тие воопшто не знаат колку е тешко да се заработи една просечна месечна плата надвор од фудбалот. Не знаат за моралот и етиката, мислам дека клубовите треба добро да размислат пред да купат ваков тип на фудбалери. Јас во ниту еден случај не би ги купил, експресно ги одбивам. Ваквите случаи заслужуваат само жестока критика, – јасно потенцира 72-годишниот тренер на Баерн.

 

Facebook Коментари