Хајнкес влезе во историјата на Лигата на шампиони со импресивен рекорд по победата против Бешикташ

hajnkes-8328939

Баерн Минхен се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампиони со победата од 3:1 во реваншот од осминафиналето против Бешикташ и, истовремено, му овозможи на тренерот Јуп Хајнкес да влезе во историјата на натпреварувањето со импресивен рекорд.

Хајнкес на тој начин стана првиот тренер во историјата на Лигата на шампиони со 11 последователни победи, надминувајќи ги Луи ван Гал и Карло Анчелоти, неговиот претходник на клупата на Баерн, кои имаат серија од 10 победи. Луис Енрике застана на 9 победи по ред.

Facebook Коментари