Поврзете се со нас

Германија

Хајнкес со искрен совет за примарната трансфер цел на Баерн: Тој не вреди 100 милиони евра

Објавено

на

Јуп Хајнкес нагласи дека кризата со коронавирусот треба да биде добра лекција за фудбалскиот клубови и работниците за тоа колку погрешна перцепција се доби за најважната споредна работа во светот, јасно алудирајќи на нелогичните суми кои почнаа да се вртат во фудбалскиот свет.

Нерезонските суми кои се исплаќаа за трансфери според многумина треба да бидат минато по стабилизацијата која треба да следи по глобалната пандемија, а во тој контекст, легендарниот Хајнкес кој освои се што можеше да се освои со Баерн Минхен, испрати и искрен совет до својот сакан клуб.

– Знам за интересот на Баерн Минхен кога е во прашање Лирој Сане. Тој беше во добра форма пред тешко да се повреди, но според мене, тој не направи доволно добар пробив во елитниот фудбал и затоа не го сметам за врвен играч. Моментално е на раскрсница, ќе видиме дали ќе продолжи напорно да работи или ќе остане само неверојатен талент.

– Сане мора да биде подготвен за голем исчекор, бидејќи нема да има корист од талентот кој повремено блеснува. Искрено можам да кажам дека тој не вреди 100 милиони евра, таа цена не е оправдана, – потенцира Хајнкес за „Welt am Sonntag“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни