Хајнкес посочи една голема грешка на Баерн: Требаше да го ангажираат него пред неколку години…

jup-hajnkes

Стариот лисец, Јуп Хајнкес кој пред одредено време се врати на кормилото на Баерн Минхен  посочи еден играч кој едноставно жали што го нема на располагање во сегашната средина.

Искусниот стратег смета дека „баварците“ згрешиле и морале пред неколку години да го ангажираат одличниот напаѓач Тимо Вернер кој сега растура во дресот на РБ Лајпциг.

-Баерн требаше да го ангажира Вернер пред неколку години, додека играше во Штутгарт (2013-2016). Ќе научеше многу кај нас, -посочил Хајнкес.

Тимо во 2016 година се пресели во Лајпциг, клуб во кој игра на високо ниво, а доказ за тоа е интересот од најголемите светски клубови како и фактот што е германски сениорски репрезентативец.

Facebook Коментари