Хајнкес откри кој клуб е најголем ривал на Баерн за најбараниот играч во Европа

Bayern Muenchen v Borussia Dortmund - DFB Cup

„Билд“ и „Марка“ на последниот ден од 2017 година излегоа со сензационална ексклузива дека Леон Горецка донел конечна одлука околу својата иднина и дека го избрал Баерн Минхен како негова следна дестинација во кариерата, информација чија веродостојност брзо беше нарушена откако агентот на фудбалерот демантираше дека е постигнат конечен одговор со било кој клуб.

Ваквиот развој на настаните ги натера одговорните луѓе на „Билд“ да стапат во контакт со Јуп Хајнкес и директно да го прашаат тренерот на Баерн Минхен околу целата сага поврзана за најбараниот фудбалер во Европа, а искусниот германски стручњак не криеше дека тој и одговорните луѓе на клубот ги прават сите напори за да го доведат големиот талент во Минхен.

Познато е дека за неговите услуги се заинтересирани големи клубови како Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Јувентус и Барселона, но ако се суди според изјавата на Хајнкес, најголем ривал на Баерн за неговиот потпис е каталонскиот гигант.

– Треба да почекаме за да видиме што на крајот ќе се случи. Во трката за неговиот потпис се уште се Шпанците, – потенцирал Хајнкес алудирајќи на Барселона.

– Не може да се крие дека многу сум заинтересиран за него. Мојот помошник Херман работеше со него во Шалке, станува збор за исклучително интелигентно момче и точно знае што е најдобро за неговата кариера, – завршил искусниот Јуп.

Facebook Коментари