Хајнкес ја потврди конечната одлука за соработката со Баерн Минхен

hajnkes-trening

Јуп Хајнкес го презема Баерн Минхен по заминувањето на Карло Анчелоти, а германскиот тим оттогаш бележи позитивни резултати што директно го зголеми притисокот врз 72-годишниот тренер да размисли за останува на оваа функција и наредната сезона.

Хајнкес беше претставен како замена за до крајот на актуелната сезона, по што Баварците треба да бидат преземени од друг стручњак. И покрај комплиментите кои ги заработува, Хајнкес потврдил дека нема да ја менува одлуката и ќе им се врати на пензионерските денови.

– Не постои можност да останам во клубот и тоа им е јасно кажано и на луѓето од раководството. Имаат доволно време за да ги разгледаат сите опции и да најдат решение, јас сум овде во моментов затоа што Баерн е дел од мене и решив да помогнам во ситуација кога на клубот му беше тешко, – истакнал Хајнкес.

Само во Бундеслигата Баерн има седум победи на седум натпревари откако тој ја презема функцијата.

Facebook Коментари