Поврзете се со нас

Македонија

Хаџиевски гледа голем проблем кај македонските клубови: Без млади играчи нема фудбал!

Објавено

на

Ѓоко Хаџиевски има насобрано огромно фудбалско искуство како тренер и како еден од најценетите заслужено ја доби наградата „13-ти ноември“ за животно дело, па сега како специјален гостин во програмата на „Спортското радио 90,3 фм“, некогашниот македонски селектор стави посебен акцент на погрешниот пристап кој се води во клупскиот фудбал.

Хаџиевски смета дека најзвучните фудбалски клубови прават голема грешка што им даваат шанса на недокажани странски фудбалери кои доаѓаат и од Африка, со што само се запоставуваат клупските школи и младите таленти кои не добиваат шанса за докажување.

– Фудбалот во Македонија се претвори во носење на африкански фудбалери. Јас немам ништо против нив, тренирав африкански фудбалери, но не може поради нив да ги туркаш македонските играчи во втора и трета лига.

– Не гледам логика во тоа да гледаме африкански фудбалери од 30 и 32 години во екипи кои не се стремат да бидат во горниот дел од табелата. Тие играчи им го земаат местото на млади таленти кои треба да дојдат до израз.

– Каде се последните 10 години играчите од школите на Вардар, Пелистер, Победа, Академија Пандев, Брегалница, Шкендија, Шкупи? Без создавање на млади играчи и на игра, едноставно нема фудбал, – потенцира Хаџиевски.

Целиот разговор од денешната програма може да го преслушате на следниот ЛИНК

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни