Поврзете се со нас

Свет

Хабиб откри дека бил близок со Кристијано Роналдо: Неговиот најголем страв е поврзан околу синот

Објавено

на

blank

Хабиб Нурмагомедов важи за еден од најпопуларните спортисти во изминатите неколку години и токму затоа зафаќа голем простор во светските медиуми.

Откако вчера прикажа одлично познавање за фудбалот, Хабиб денеска во интервју за светските медиуми откри дека е близок со Кристијано Роналдо и дека често разговараат на најразлични теми.

Дагестанскиот борец откри дека Роналдо му се доверил дека стравува оти неговиот син ќе ја изгуби страста за фудбалот поради тоа што му е дозволено се на негови години.

– Зборувавме речиси секој ден. Кога се запознавме зборувавме за тоа од каде ни доаѓа мотивацијата. Во еден момент ми кажа дека сака син му да биде негов наследник во фудбалот. Кога Кристијано бил дете сонувал само да има еден пар копачки. Неговиот син, од друга страна има се. Се плаши дека можеби нема да ја има истата глад и истата желба како што ја имал тој. Кога имаш се тешко е да најдеш мотивација, а мене ми се допадна кога го слушнав неговото размислување. Сфатив дека тој не е личност која не се задоволува со една, две или три титули. Мислам дека ќе игра уште три сезони најмалку, -изјави Хабиб Нурмагомедов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни