Поврзете се со нас

Боречки спортови

Хабиб освои неверојатна сума на пари од последната борба во кариерата, Дагестанецот со „полна торба“ си оди од Абу Даби

Објавено

на

Хабиб Нурмагомедов ја одржа и последната борба во октагонот во текот на вчерашниот ден во Абу Даби.

Дагестаенцот беше подобар од неговиот противник Џастин Гејџи одбранувајќи ја титулата со војата конкунреција.

Иако не го најавуваше тоа, по борбата Нурмагомедов откри дека ја завршува боречката кариера и дека повеќе нема да стапне во октагонот без неговиот татко кој почина неодамна. Победата против Гејџи беше посветен токму на Абдулманап кој му беше и тренер сите години наназад.

Што се однесува до сумата која Хабиб ја заработи за вчерашната борба, таа е вонсериска. Дагестанскиот фајтер дома ќе си замине побогат за неверојатни 3.1 милиони долари, а доби плус 100.000 долари поради тоа што беше дел од борбата на вечерта.

Ниту поразениот од овој двобој, Џастин Гејџи нема да си оди со празни раце и на својата сметка ќе инкасира 630.000 долари, што е многу помалку од тоа што го освои Нурмагомедов, но секако е сума за поздравување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни