Поврзете се со нас

Боречки спортови

Хабиб не издржа и се огласи на социјалните мрежи по новиот пораз на Мекгрегор (Фото)

Објавено

на

Ирскиот борец, Конор Мекгрегор уште еднаш со наведната глава го напушти октагонот откако, овојпат мораше да ја предаде борбата против Дастин Порие.

Во борбата за настанот од УФЦ 264 одржана во Лас Вегас, Мекгрегор заработи скршеница на глуждот по што мораше да го предаде натпреварот.

Во дотогашниот дел од борбата, Американецот беше подобар во октагонот и спортските вљубеници веруваат дека оваа победа, иако предадена е сосема заслужена.

Вчерашниот настан будно го следеше и Хабиб Нурмагомедов, „непријателот број еден“ на Конор Мекгрегор. Дагестанецот се израдува на победата на Порие и нагласи дека доброто секогаш го победува злото.

– Доброто секогаш го победува злото. Многу сум среќен поради Порие, се надевам дека ќе го добие појасот до крајот на годината, -напиша Дагестанецот на Твитер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни