Поврзете се со нас

Светски првенства

Гвинеја е целосен аутсајдер во нашата група: Холандија авторитативно до убедлива победа против Африканците

Објавено

на

Foto:instagram.com/teamnlhandbalheren

Холандија авторитативно ја оправда фаворитската улога против Гвинеја и покажа дека е неколку класи подобра од африканската селекција, нешто што воопшто не се доведуваше во прашање уште пред почетокот на натпреварот.

„Лалињата“ брзо ставија во петта брзина и експресно стигнаа до комотни 6:0 уште по неколку минути игра, па уште во раната фаза стана јасно дека Гвинеја едноставно е недораснат противник за едно вакво елитно ниво.

Холанѓаните постигнуваа голови на разноразни начини и само го билдаа своето водство до крајот на полувремето, па по 30 минути игра на семафорот стоеше 21:8.

Второто полувреме беше чиста рутина за фаворитите кои малку попуштија во играта во одбрана, па така им дозволија на африканските ракометари да постигнат 15 голови во вториот дел за малку попристоен пораз.

На крајот, Холандија славеше убедливо во секој случај со конечни 40:21, па така ги освои првите бодови во групата во која е и Македонија.

Нашиот најдобар ракометен тим вечерва ја игра својата премиера на 29-то Светско првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Унгарија во арената во Вараждин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни