Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола жестоко му одговори на Стерлинг: Знаеш каде треба да зборуваш, ако не си среќен во клубот…..

Објавено

на

Рахим Стерлинг јавно призна дека е отворен за нов предизвик во кариерата доколку не му се промени актуелната ситуација во Манчестер Сити, но изјавата на англискиот репрезентативец, денеска беше надополнета со жесток одговор од страна на Пеп Гвардиола.

Менаџерот на Манчестер Сити директно му се обрати на незадоволниот Стерлинг, но и на сите оние кои сметаат дека заслужуваат повеќе и се незадоволни во клубот.

Гвардиола потенцира дека сите играчи во Сити го добиваат истиот третман, а на крајот играат оние кои даваат најдобар одговор на теренот за укажаната доверба.

– Рахим останува наш играч засега и се надевам дека до крајот на сезоната ќе биде навистина важен за нас. Не знаев дека размислува да си оди. Играчите сакаат да играат постојано, но знаат дека јас тоа не можам да им го ветам. Не можам да им ветам ништо. Можам само да им порачам дека сите ќе добијат шанса.

– Стерлинг знае каде треба да зборува, треба да зборува на теренот, но тоа важи за сите останати. Јас не сум менаџер кој игра само 11 играчи, сите се инволвирани во тимот. Она што го барам од Стерлинг е да биде среќен, да биде презадоволен што е дел од клубот. Ако не е така, тогаш секој е слободен да донесе своја одлука, – порача Гвардиола.

Стерлинг призна дека размислува за заминување од Сити и се наметна за трансфер во…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни